Природна шминка е во мода

Пастелни тонови, нежни нијанси и впечатливи бои се дел од најновите колекции на германските козметички линии essence и Catrice makeup. Во младешкиот бренд essence оваа сезона доминираат шарените трендови и разиграни нијанси, а колекцијата Catrice, наменета за повозрасните дами, е инспирирана од светските модни трендови. „Природен изглед за секоја дама, нашминкани како без шминка“ е мотото на овие козметички брендови.

Козметиката на essence и Catrice е препознатлива по својата долготрајност, висококвалитетните состојки, луксузните текстури и по иновативните формули. Двата бренда нудат козметички линии за дневна и ноќна шминка, линии за фитнес и шминка предвидена за сонце.

На промоцијата на германските брендови што се одржа вчера во Скопје, присуствуваа и модните дизајнерки Тања Кокев и Лидија Георгиева, моделите Катарина Ивановска, Маја Сашек, Снежана Сани Богдановска и Марјана Станојковска.

Текстот Природна шминка е во мода е превземен од Reporter.mk.