(Видео) Направена првата фотографија од црна дупка во вселената

Меѓународен научен тим ја претставил првата фотографија на црна дупка, нешто за кое велат дека претставува подвиг кој ќе го стави на проба столбот на науката: општата теорија на релативност на Алберт Ајнштајн.

Црните дупки се исклучителни густи небесни ентитети со гравитационо поле. Тие се толку моќни што ниту светлината ниту материјата не може да побегнат од нив, што ги прави исклучително тешки за набљудување и покрај нивната огромна маса, велат научниците.

Преку теоријата на Ајнштајн може да се предвидат големината и обликот на црната дупка. Ако неговите предвидувања се покажат како погрешни, теоријата ќе мора да се преиспита.

„Изгледаат како огнени кугли, а нивниот пречник изнесува околу 100 милијарди километри“, велат научниците.

Текстот (Видео) Направена првата фотографија од црна дупка во вселената е превземен од Reporter.mk.