(Видео) Фашистички испад на репрезентативците на Хрватска

Одбрамбениот играч на репрезентацијата на Хрватска Домагој Вида и поранешниот репрезентативец Огњен Вукојевиќ кој подолг период играа за тимот на Динамо Киев од Украина, викнаа фашистички поздрав „Слава Украина“, во видео обраќањето по победата во четвртфиналето на Светското првенство над селекцијата на Русија.

„Слава Украина, давај, давај!“, викнал Вида кој играше за Динамо Киев од 2013 до 2018 година.

„Ова е победа за „Динамо“, за Украина. Напред Хрватска!“, додал Вукојевиќ кој играл за Динамо од Киев од 2008 до 2015 година и моментално работи како скаут во тој клуб.

Приврзаниците на Евромајдан активно го користат слогнат „Слава Украина!“ Овој Слоган настанал во периодот за време на Втората светска војна како лозинка за поздрав на членовите на Организацијата на украинските националисти и Украинската востаничка војска, чиј лидер бил Степан Бандера.