Од поплавената пештера Там Луанг, во која се заробени од 23 јуни, до ден денес, извлечени се шест момчиња. Првото кое излезе на површината, како што пренесуваат локалните медиуми се вика Адул.
Адул наводно пред два дена во писмото до своите родители навел да не се грижат за него.
„Не се грижете. Ми недостигате сите. Навистина морам да се вратам дома.
Според информациите кои ги навеле спасувачките служби, во првата група која е евакуирана биле најслабите дечиња.
Објавена е и снимка од амбулантната кола како ги носи момчињата, кои по прегледот во теренската болница во близина на пештерата, со хеликоптер се префрлени во најблиската болница во регионот, оддалечена речиси 100 километри.
Спасувањето одело побрзо отколку што се очекувало, затоа што водата се има повлечено и на тој начин го олеснила извлекувањето на момчињата.