(Видео) Лепа Брена тренира кик бокс

На свечениот прием на кик боксерите од тимот на Палмини тигри и репрезентацијата на Турција, министрите и Владите на Србија, амбасадорите и другите гости, по мечот кој е одржан во Јагодина, присуствувала и Лепа Брена.

Српската пејачка претходно одржала концерт во салата за спортови ЈАССА во Јагодина, во рамките на 21 меѓународниот кик бокс меч по повод Свети Јован.

Домаќин на оваа манифестација е Драган Марковиќ Палма, кој бил искусен познавач на овој спорт. Тој ја обучувал Лепа Брена на техниките на кик боксот, ударите со рака и нога. Пејачката рекла дека ќе стане член на кик бокс клубот во „Палмини Тигри“.

„Брена многу брзо ги совладала техниките на кик боксот, затоа немојте да се изненадите ако на наредниот меч на 7 јули во 2019 година, Брена биде во составот на Палмини тигри“, изјавил Марковиќ.

Видеото погледнете го на следниот линк: