Иако звучи како сценарио за научно-фантастичен тим, новооткриени документи и тајни извештаи на НАСА за првото слетување на Месечината откриваат дека астронаутите виделе нешто што најдобро може да се дефинира како – неидентификуван летечки објект (НЛО).
Деталите за тоа што наводно виделе Нил Армстронг и Баз Олдрин на Месечината потекнуваат од интервју со неименуван професор и Армстронг на еден симпозиум на НАСА.
Во ова интервју професорот го прашува Армстронг што навистина се случило таму, а астронаутот одговара:
„Беше неверојатно… секако, отсекогаш знаевме дека има некаква можност… факт е дека бевме предупредени. Никогаш не стануваше збор за вселенска станица или град на Месечината.“
На прашањето како тоа мисли дека биле предупредени, Армстронг одговорил: „Не смеам да навлегувам во детали, но можам да речам дека нивните бродови беа далеку посупериорни од нашите и по големина, и по технологија. Беа огромни и заканувачки.“
Во тајните извештаи има уште многу интервјуа и документи што укажуваат дека астронаутите на мисијата Аполо 13 се соочиле со вонземски суштества и НЛО кога ја проулувале површината на Месечината.
Нил Армстронг пренел порака на контролата дека два големи, мистериозни објекти ги набљудувале додека слетувале на Месечината. Неговата порака никогаш не стигнала до јавноста, бидејќи НАСА го цензурирала, тврдат стручњаци кои се занимаваат со оваа проблематика.
Според бројни извори, Армстронг тврдел дека на Месечината има вонземјани и дека на астронаутите им било наредено да си заминат, а многу стручњаци сметаат дека токму затоа никогаш не продолжиле мисиите за истражување на Месечината. Причината зошто НАСА ја цензурирала пораката на Армстронг, се претпоставува дека е за да се спречи ширење на паника меѓу луѓето на Земјата кои ја следеле во живо мисијата на Аполо 13.
The post Астронаутите виделе НЛО на Месечината, НАСА ја цензурирала пораката (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.