Стартап компанијата која што ќе го произведува уредот кој би можел да ги реши проблемите на луѓето кои што ги имаат со спиењето, собра 31 милиони евра во кампањата која што ја спроведе “Johnson & Johnson”.
Dreem, компанија која што стои зад споменатиот уред, ќе ги искористи средствата за ангажирање на престижни научници на полето на технологијата кои што ќе го решат проблемот со неправилното спиење, што, како што тврдат од компанијата, е проблем на околу 30% од светската популација.
Идејата за овој носив уред настана уште во 2014-та година, а уредот функционира така што со стимулација на мозокот ги зголемува шансите за длабок сон, а тоа ќе го постигне со помош на посебна неврофизиолошка метода која што ја регистрира мозочната електрична активност преку електродите кои што се прицврстуваат на задниот дел од главата на корисникот.
Компанијата со продажба на првата верзија на уредот започна во јануари и истиот се продава по цена од 500 евра, но од Dreem признаваат дека уредот не е магично решение и се надеваат дека собраните средства ќе им овозможат дополнително да ја подобрат технологијата.
Уредот исто така ги собира и податоците за шаблонот на сонот на корисниците, а тоа на научниците би можело да им помогне уште подобро да го разберат пореметувањето на спиењето кај луѓето.
The post Dreem е паметен уред што помага при заспивање (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.