Американските и светски медиуми пишуваат дека Хејли Болдвин, сопругата на Џастин Бибер, не е среќна во бракот со канадскиот пејач. Медиумите пишуваат дека Болдвин не можела повеќе да ги толерира глупостите што ги праел нејзиниот сопруг.
Последен пат Бибер се најде во центарот на вниманието на таблоидите кога одлучил да се пошегува со обожавателите на „Инстаграм“. За први април пејачот објавил фотографија од рендгенска снимка, со која навестил дека Болдвин е бремена и дека двајцата чекаат дете.
Овој потег беше еден од низата на кои на манекенката воопшто не ѝ бил смешен, вели извор близок до брачната двојка.
„Хејли мислеше дека животот со Џастин Бибер ќе биде мед и млеко. Но, неговите обожаватели, контуинирани промени, расположение и разговори со Селена Гомез, ја извадија од такт. Ѝ недостига нејзината слобода“, вели извор близок до славната двојка.
Поголемиот дел од јавноста смета дека овој брак на двете ѕвезди се случил пребрзо. Фановите на социјалните мрежи пишуваат дека Хејли има само дваесет години и делува како „лек“ за менталната состојба на Џастин Бибер. Се чини дека нивната веридба на Бахамите од пред неколку месеци била целосно промашување.
Двојката почнала да се забавува летото во 2018 година, откако две години претходно не биле во никаков контакт. Познато е дека Џастин се впуштил во големи проблеми во 2015 година и 2016 година, поради кои морал да откаже неколку концерти од својата турнеја во 2017 година.
Самиот Џастин Бибер во голем број наврати изјавил дека Хејли е таа личност која го смирува и патиштата повторно им се вкрстиле, двајцата стапиле во брак. Но, како што вели изворот близок до двојката, розовиот балон, во кој Болдвин досега пливала, пукнал како меур од сапуница.
Нивен пријател вели дека Хејли за кратко време морала да се одвикне од својот гламурозен живот, модни ревии, магазини и забави и да стане посветена жена која мора да води сметка за Џастин Бибер, својот емотивен и ментално нестабилен сопруг.
Текстот Хејли Болдвин не е среќна во бракот со Џастин Бибер е превземен од Reporter.mk.