Шефот на Tesla, Елон Маск сподели нови детали за првиот пикап на брендот.
За можната појава на моделот за првпат се проговори минатата година за време на презентацијата на камионот Tesla Semi.
Маск на Твитер соопшти дека првиот пикап на компанијата ќе биде со 6 места. Тој ќе биде достапен исклучиво со погон на четири тркала и два електрични мотори. Маск вети „бесен“ вртежен момент и можност да се помине километража од 640 до 800 со едно полнење, во зависност од верзијата.
What would you love to see in a Tesla pickup truck? I have a few things in mind, but what do you think are small, but important nuances & what would be seriously next level?
— Elon Musk (@elonmusk) June 26, 2018
Пикапот може да се користи како мобилна станица и може да напојува со струја различна опрема.
Претходно, стана јасно дека пикапот на Tesla ќе добие „паметна“ задна табла на товарната платформата и автопилот за паркирање.
The post Пикапот на Tesla ќе може да помине 800 километри со едно полнење appeared first on USB.mk.