Пејачката и водителка Сузана Турунџиева не ја крие радоста откако ѝ се роди внук, син на нејзината ќерка Лора. Сузана сега објави прва фотографија со внукот и откри дека нема поубаво чувство од тоа да си баба.
„Само што (конечно) научив да се сакам себеси… Се појави некој кого го сакам повеќе од мојот живот. Што да ви расправам… Љубов е тоа, невидена! Фала ти животе што ме љубиш повеќе од што јас самата себеси умеам да се љубам“, напиша Турунџиева.
Лора се породи пред еден месец. Таа е ќерка на Сузана од бракот со пливачот Александар Маленко.
Текстот (Фото) Внукот ја разнежни Турунџиева е превземен од Reporter.mk.