Руски вселенски брод со камери утре полетува во вселената

Руско вселенско летало за снабдување со залихи утре за прв пат ќе полета кон Меѓународната вселенска станица со инсталирани камери, соопшти руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“.

Камерите ќе го снимаат летот на носачот на ракетата „Сојуз 2.1“ што ќе полета од космодромот Бајконур и ќе го лансира леталото „Прогрес МС-09“ до станицата во вселената, пренесува ТАСС.

„На леталото се инсталирани системи за видеоконтрола на летот на вселенката ракета“, објаснува „Роскосмос“.

Исто така, се очекува ова да биде најбрзото лансирање на карго летало до Меѓународната вселенска станица досега – „Прогрес МС-09“ треба да стигне до својата дестинација за нешто помалку од четири часа. Тоа е голем подвиг, кога ќе се земе предвид дека вселенските летала за снабдување со залихи обично патуваат шест часа до два дена од лансирање до МВС.

Во иднина корпорацијата планира видеоснимките од ваквите камери да ги интегрира во повеќето компании за лансирање вселенски летала за да го популаризира истражувањето на вселената.

The post Руски вселенски брод со камери утре полетува во вселената appeared first on USB.mk.