Познатиот француски готвач Ману Фиелдел објавил фотографија на „Инстаграм“ од опожарениот Нотр Дам и гладните деца во Африка, испраќајќи порака дека парите собрани од донации, место за зачувување на катедралата, можат да се искористат за гладните деца во Африка.
По пожарот во Нотр Дам, голем број луѓе од целиот свет се солидализираа и собраа 750 милиони евра за само 24 часа. Ваквата порака на Фиелдел наишла на голем број позитивни коментари и луѓе кои го поддржаа.
„Не можам да верувам дека се трошат толку пари на зграда, а не се трошат за да се помогне на сиромашните“, напишала една од неговите фанови.
Многумина се согласуваат дека пораката која доаѓа од човек од Франција, кој не е заслепен од медиумите, остава можност за надеж дека постои нешто добро во светот.
Сепак, францускиот готвач наишол и на низа критики за својот пост, а некои луѓе му порачале дека може да прави што сака со неговите пари и да ги донира за она што на него му е грижа.
„Сакам да ве прашам, дали сите ваши профити што ги добивате од вашиот ресторан ги донирате за гладните деца?“, „Колку од вашата заработка ја донирате за гладните деца во Африка“, биле некои од коментарите.
‘
Текстот Француски готвач бара парите за Нотр Дам се искористат за гладните деца во Африка е превземен од Reporter.mk.