(Фото) Сопругот на Каролина имаше успешна изложба во Њујорк

Македонскиот уметник и сликар Михаил Корубин, ја имаше првата самостојна изложба во Њујорк. На настанот се појавија голем број на негови пријатели.

Меѓу големиот број гости беше и сопругата на Михаил, пејачката Каролина Гочева.

„Ви благодарам на сите што дојдовте. Си поминав одлично“, напиша Михаил на „Инстаграм“.

Михаил е долгогодишен сликар и најчесто црта ликови на девојки, а пред една година нацрта и портрет на Каролина, слика која се најде на нејзиниот албум.

Текстот (Фото) Сопругот на Каролина имаше успешна изложба во Њујорк е превземен од Reporter.mk.