Технологијата 5G повеќе не е нешто за што зборуваме во теорија или се применува во контролирани услови.
Хрватски Телеком реализираше 5G функционалност во реални услови и така направи битен чекор напред кон доаѓањето на 5G мрежата во Хрватска. Со ова, Хрватска стана една од малубројните држави кои демонстрираа 5G функционалност во реални инфраструктурни услови. Мрежата која делува во спектар од 3,5 GHz е спроведена пред инсталирање на 5G системот, користејќи 5G мрежни уреди на компанијата Ericsson, кои се готови за комерцијална употреба.
HT на почетокот на годината покрена модернизација на радиските мрежи на теритoријата на цела Хрватска. Таа мрежа ќе овозможи воведување на 5G технологијата кога за неа ќе се додели радиофреквенциски спектар. Проектот опфаќа модернизација на инфраструктурата, транспортниот капацитет и самата радиска опрема, која би требало да заврши до крајот на 2019 година. Во првата половина од годината, Хрватски Телеком ги замени сите 137 стари со нови, 5G компатибилни базни поставки во Истра.
Од почетокот на јули активностите продолжија во Загреб, каде што следно ќе биде имплементирана најмодерната мобилна технологија во Хрватска и во регионот, а рамо до рамо со најразвиените европски пазари како Германија и Швајцарија.
„Нашите корисници имаат најдобра мобилна мрежа во Европа, а ова е само потврда дека така ќе биде и во иднина. Први направивме голем чекор напред во подготовката на Хрватска за 5G, што не става во земјите кои први го направиле тоа. HT смета дека комерцијалната имплементација на 5G мрежата ќе почне околу 2020 година, кога корисниците ќе имаат на располагање дополнителна вредност во однос на 4G“ велат од Хрватски Телеком.
Јавната демонстрација на 5G функционалноста во реални услови ќе се одржи на 13 јули во Пула, најголемиот град од првиот регион каде што е завршена модернизацијата на мрежата со 5G функционалност.
Извор: Zimo.hr
The post Хрватски Телеком воведува 5G технологија во Хрватска appeared first on USB.mk.