Ријана ќе се мажи за арапски милијардер

Пејачката од Барбадос веќе две години е во врска со арапскиот милијардер Хасан Јамелом, а нивни заеднички пријатели велат дека наскоро двојката ќе се венча, пишува Мetro.co. Тие велат дека Ријана и Хасан планираат да направат свадба на годината. Пејачката ветила на своите обожаватеи дека во меѓувреме ќе издаде албум.

Во моментов таа е сконцентрирана на дизајнирање на долна облека и козметика. Нејзин близок пријател вели дека Ријана избегнува по секоја цена да се појави во јавност, а пред се причина за тоа е нејзиното момче Хасан.

 

Хасан тежи 1,5 милијарди долари и е член на управата на семејната фирма Абдул Латиф Јамел, која ја основал неговиот татко. Неговото семејство, според магазинот „Форбс“ е четврто најбогато семејство во Саудиска Арабија, но веројатно најпопуларно затоа што во минатото во хуманитарни цели донирале над стотина милиони долари.

Јамел пред неколку години бил во врска со Наоми Кембел, а зад себе има еден пропаднат брак. Блиски луѓе до него велат дека Јамел е заљубен во пејачката од Барбадос и е подготвен да го мине остатокот од животот со неа.

„Двајцата се лудо заљубени еден во друг. Венчавката е само прашање на време. Таа не може да дочека тој да ја запрсои“, вели извор за британските медиуми.

Ријана ги нема милијардите како нејзиното момче, но од албумите, настапите, турнеите, линијата за долна облека, шминките, козметиката и рекламите, таа има заработено околу 250 милиони долари.

Кога двојката ќе се одлучи да се венча, тоа ќе биде венчавка на годината, велат нивните пријатели. Саудијците се познати по големите свадби, а кога ќе се жени еден од нивните најбогати луѓе и тоа за една од најпознатите музички светски ѕвезди, сигурно ќе стане збор за светски спектакл, велат извори блиски до Хасан и Ријана.

 

 

 

Текстот Ријана ќе се мажи за арапски милијардер е превземен од Reporter.mk.