Colossus е роботот кој помогна во спасување на Нотр Дам (ВИДЕО)

Париските пожарникари се соочија со огромна задача во обид да го запрат пожарот во Нотр Дам во кој се запали покривот и ја уништи кулата. Огнот уништи непроценливи делови од катедралата, но пожарникарите успеаа да спасат поголем дел од вредностите внатре. Исто така спречиле пожарот да не ја оштети целата структура, а во таа акција како помош распоредија и робот на далечински управувач, наречен Colossus.

Роботот, кој е тежок околу 499 килограми, бил произведен од страна на француската технолошка компанија Shark Robotics. За пожарникарите би било многу опасно да влезат во Нотр Дам со тешка опрема додека кровот горел и делови паѓале околу нив. На нив им помогнал Colossus кој е дизајниран да издржи екстремни услови додека го користи цревото и носи тешки алати. Со него може да се управува на растојание од речиси 305 метри и бидејќи има модуларен дизајн, може да се конфигурира во зависност од барањата за работа.

Самиот робот е долг 1,6 метри, широк 0,7 метри и висок помалку од 0,7 метри. Водоотпорен, отпорен е на оган и работи на два електромотори кои се поддржани со шест литиум-јонски батерии. Роботот може да достигне брзина од 3,5 км/ ч, но е сосема способен за качување преку пречки и може да носи повеќе од 544 кг товар.

Добрата вест е дека немаше жртви во овој инцидент, дури околу 400 пожарникари учествувале во операцијата за контрола на пожарот, покрај многуте други вработени во брзата помош.

Текстот Colossus е роботот кој помогна во спасување на Нотр Дам (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.