Овен
Вашата желба за напредок станува се поголема и моменталното работно место сметате дека е несоодветно за вас. Ако не успеете да го добиете унапредувањето, размислете за нова работа. Иако имате силни емоции кон вашиот партнер, тој тоа не го забележува толку често колку што мисли дека треба. Затоа што се плаши дека може да ве изгуби. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со очите.
Бик
Денес сте уморни и без амбиции за работа. Не обрнувате внимание на критиките кои ги добивате. Едноставно сеедно ви е што ќе се случува во деловното опкружување. Дојдени сте во ситуација во која само преку искрен разговор за минатото и иднината, можете да ги решите проблемите и емоциите во вашата врска. Внимавајте на здравјето. Синусите ви се чувствителни денес.
Близнаци
Загрижени сте за својата финансиска состојба и иднина која ве чека на моменталното работно место и ги разгледувате сите можности и опции за дополнителна заработка. Иако ви се чини дека сте влегле во некоја друга и посебна врска, се повеќе се чувствувате осамено покрај вашиот партнер. Тоа е нешто кое треба да му го кажете. Внимавајте на здравјето и проблемите со штитната жлезда.
Рак
Денес на работното место можно е да се случи нешто кое ќе ве спречи да ги остварите вашите цели. Можеби е подобро решавањето на важните прашања да ги оставите за друг пат. Ви се чини дека околу вас сè се распаѓа, но немате потреба за загриженост. Само им давате премногу значење на реалните проблеми. Обидете се да се смирите и да размислите малку подобро за работите. Внимавајте на здрајето. Потребен ви е поголем сон.
Лав
Ве чекаат некои важни вести и настани поради кои во текот на денот ќе бидете напнати и декоцентрирани. Не треба да бидете премногу загрижени. Можно е денес да дојде до одложување на настаните по ваквите прашања. Можно е да имате интересен ден полн со неочекувани настани поврзани со љубовта, но самите вие нема да направите ништо по тоа прашање. Внимавајте со здравјето. Можби се проблеми со несоницата.
Девица
Сте оствариле голем успех за кои многу сте се жртвувале па сега се прашувате дали вредело толкава жртвуваност. Се радувате на почетокот на новата врска и доста сте еуфорични. Лошите коментари од пријателите поврзани за вашиот нов партнер е нешто кое влијае на вас. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со напнатоста.
Вага
Свесни сте дека ситуацијата е тешка и дека секој успех бара многу труд. Вашиот труд им се допаѓа на шефовите, а соработниците по малку ви завидуваат поради тоа. Иако не сте подготвени да си признаете, вашите емоции кон партнерот полека згаснуваат. Се обидувате тој тоа да не го забележи. Со здравјето немате поголеми проблеми.
Шкорпија
Од досегашното искуство сте научиле дека подобро е да се обидете да го прилагодите вашето деловно опкружување кон себе, отколку вие да се прилагодите кон него. Можно е да сте преоптоварени со голема емотивна дилема меѓу две личности кои истовремено силно го привлекле вашето внимание. Можни се проблеми со циркулацијата.
Стрелец
Сте се ослободиле од сето тоа што го кочело вашиот успех во минатото и сега се движите само напред. Ве чекаат убави вести. Односот со вашиот партнер е идеален, но тоа е затоа што и двајцата сте си премолчеле некои работи. Со здравјето немате никакви проблеми.
Јарец
Денешниот ден ви е добро прикажан по прашањето на склопување на нови деловни познанства и соработка. Саканата личност толку е приврзана за вас, што вие се чувствувате по малку загушено, без разлика на тоа колку ви ласка таквата состојба. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со хормоните.
Водолија
Пред себе имате многу можности за успех кој можеби не го гледате целосно. Ако научите да не се потценувате себе си, можете доста да извлечете од овој период. На љубовно поле не очкеувајте нови случувања. Ситуацијата со партнерот е крајно стабилна. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболки.
Риби
Пред сите личности родени во овој знак кој се занимаваат со трговија, стои позитивен период. Денес без поголем труд, ќе успеете да го свртите вниманието кон вас. Многу личности ки досега не обрнале внимание на вас, ќе забележат колку сте привлечни. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате добро и немате никакви проблеми.
Текстот Дневен хороскоп за 23 јануари е превземен од Reporter.mk.