Почина српскиот глумец Игор Первиќ

Српскиот глумец Игор Первиќ почина утрово на 52-годишна возраст. Неговото тело било пронајдено во неговиот стан во Белград. Причините за смррта за сега не се познати. Веста дека Первиќ починал ја потврди неговата поранешна девојка Јована Петровиќ, која објави заедничка фотографија на „Фејсбук“.

Игор е роден е во Белград на 29 октомври 1967 година. Тој неколкупати се лекуваше од зависност од дрога, а последните години јавно зборуваше за овој порок, од кој, како што рече, успеал да се излекува.

Кариерата ја почна на 7 години. Первиќ глумеше во многу познати филмови, меѓу кои и „Црниот бомбардер“, „Лаење на ѕвезди“, „Буре барут“ и во сериите „Сивиот дом“, „Раненик“, „Вук Караџиќ“, „Ургентен центар“ и други. Последната улога ја имаше во серијата „Звездара“.

Фото: Курир.рс

 

Текстот Почина српскиот глумец Игор Первиќ е превземен од Reporter.mk.