Роберт де Ниро: Трамп е вистински губутник без трошка морал

Филмскиот актер Де Ниро повторно го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го тотален губитник и гангстер. Претходно оскаровецот го навредил Трамп на минатогодинашните доделувања на Tony Awards наградите. Актерот гласно за време на телевизискиот пренос викнал F**k Trump.

Публиката која во тие моменти го следела, меѓу која имало актери, режисери и продуценти, го пропратиле актерот со овации. Де Ниро не го објаснил својот коментар и веднаш преминал на подготовка на најавата. Телевизиската мрежа CBS успеала да го цензурира Де Ниро во преносот во живо кое го следеле повеќе од милион гледачи.

Трамп по примената порака, му возвратил на актерот, преку порака на „Твитер“.

„Роберт Де Ниро е индивидуа со многу низок коефициент на интелегенција. Примил повеќе удари во главата од боксмечевите во филмовите. Претпоставувам дека не разбира дека економијата ни е на највисоко ниво. Исто така и вработеноста, а многумина компании се опоравуваат и се враќаат во државата. Разбуди се!“, напишал Трамп на „Твитер“.

Де Ниро дого време е критичар на американскиот претседател. Тој смета дека Трамп и нанесува голема штета на Америка. Актерот за време на неговиот настап во шоуто на Стивен Колберт, изјавил дека сакал да му даде шанса на Трамп по победата на изборите, но тој се покажал како вистински губитник, без трошка морал, пишува „Гардијан“.

На прашањето од новинарите зошто луѓето обожаваат гангестерски жанр на филмови, Де Ниро одговорил дека луѓето сакаат да гледаат приказни за отпадници, покрај тоа што Америка имала гангстер во Белата куќа.

„Дури и гангестрите имаат морал и етика. Имаат кодекс и знаат кога ќе го дадат својот збор, дека тој збор тежи, затоа што тоа е единственото што го имате. Овој човек не знае ниту што значи тоа“, вели Де Ниро.

Актерот во јануари годинава во интервју за „Гардијан“, го нарекол Трамп супернацист, односно бел расист.

„Мислам дека тој како њујорчанин ги разбира различностите на градот, но тој е толку лош и уште полош од што мислевме претходно. Тоа е срамота. Тоа е лоша работа во оваа земја“, изјавил актерот.

Роберт де Ниро е еден од најценетите актери од својата генерација. Има освоено два Оскари за своите настапи во филмовите „Кум 2“ и „Разгневениот бик“. Де Ниро се враќа во гангестрскиот жанр во филмот The Irishman, на „Нетфликс“.

 

 

Текстот Роберт де Ниро: Трамп е вистински губутник без трошка морал е превземен од Reporter.mk.