Мечот на хрватската фудбалска репрезентација во полуфиналето на Светското првенство против Англија кој ќе се игра денес во Москва, предизвикал голем интерес меѓу навивачите, па „огнените“, се заслужни и за тоа што во Загреб ќе полета најголемиот патнички авион во историјата на Хрватска.
Туристичката агенција која го организира патувањето на хрватските навивачи во Москва, меѓу останатите го закупи и патничкиот авион Боинг 777-300ЕР, кој од аеродромот во Загреб „Фрањо Туѓман“, кон Русија ќе полета со 457 навивачи на хрватската репрезентација.
Со тоа овој авион службено ќе стане најголемиот патнички авион кој некогаш слетал во Хрватска.