Матиеу Шамаву чуварот во Националниот парк Вирунга, во африканската земја Конго, направил селфи со две горила, кои позираат позади него. Шамаву го уловил моментот кога животните позираат како да се луѓе.
Едната од нив завземала моќна поза, додека другата се поднаведнала за да биде и таа во кадарот.
„Уште еден ден во канцеларија“, напишал Шамаву на фотографијата која ја споделил на социјалните мрежи.
„Двете се големи глумици. Совршена фотографија која ги прикажува нивните вистински карактери“, напишале од Националниот парк Вирунга на „Инстаграм“.
Шамаву вели дека женките горили Ндакази и Ндезе успеал успеал да ги спаси во дивината уште додека биле младенчиња.
Во националниот парк во Конго живеат 22 вида примати, вклучително и три големи вида на мајмуни. Се проценува дека на оваа област живеат 1.000 планински горили.
Текстот (Фото) Две горила позираат како луѓе, совршено селфи направено во Конго е превземен од Reporter.mk.