Сан Франциско прв ќе ја забрани технологијата на препознавање на лицето

Владата на Кина веќе некое време е во фокус кога се во прашање системите за следење и посматрање на граѓаните, и трпи бројни осуди, а посебно од кога го “следи секое движење” на 12 милиони граѓани од муслиманска вероисповест. Кина, сепак, не е единствената земја која ги поддржува технологиите за препознавање на лицето, па тие веќе се користат и во САД, бидејќи компаниите како што е Amazon веќе ги тестираат своите полузавршени AI системи во соработка со полициските станици ширум земјата. Критиката на овие практики би можела да доведе и до првата забрана на користење на ваквите технологии, а Сан Франциско би можел да биде прв на листата.

Имено, во Сан Франциско на 23. април, помеѓу останатото, се гласаше и за забрана на тајно посматрање на граѓаните (Stop Secret Surveillance Ordinance – SSSO). Тоа би можело да доведе до нови законски уредби, кое би регулирале кои биометриски податоци се собираат, каде и кога се користат и колку нивното чување е транспарентно. Ако новите уредби се усвојат, Сан Франциско ќе стане прв град во САД, кој ги забранува технологиите за следење на граѓаните. Се истакнува дека надзорот во текот на историјата воглавно се користел за застрашување и контролирање одредени групи, и дека поради тоа е неопходно законите да се регулираат навреме, за да се избегнат злоупотреби во иднина.

Забраните ќе вклучуваат и автоматски читачи на регистерските таблички на автомобилите, системи за детектирање оружје, мобилни системи за ДНК идентификација, сигурносни камери (вклучувајќи ги и оние носечките), RFID скенери, алати и софтвери кои овозможуваат влез на заштитени компјутери и мрежи, и многу други. Уредбите ќе се однесуваат и на системите за препознавање лица, кои се веќе регистрирани, но прилично недоверливи и доведуваат до бројни грешки, како оние во рамките на кој системот на компанијата Amazon погрешно идентификува 28 членови на Конгресот.

 

Текстот Сан Франциско прв ќе ја забрани технологијата на препознавање на лицето е превземен од USB.mk.