Контроверзниот милионер и сопственик на фабриката за електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, повторно се најде во жижата на јавноста по јавната преписка која ја водел со еден корисник на социјалните мрежи.
Илон Маск му понудил на анонимниот корисник на „Редит“, под надимакот Грин Д Онил, разговор за работа во неговата компанија, по опширната и детална техничка анализа за Tesle Hardwear 3, кој анонимниот корисник го објавил на таа платформа.
Откако ја прочитал објавата која ја напишал Грин, Маск објавата ја споделил на „Твитер“.
„„Редит“ е хардкор. Воглавно точна анализа. Кој и да ја правел оваа анализа, треба да дојде на разговор за работа во мојата компанија „Тесла““, напишал Маск по што во коментарите се јавил и самиот Грин, кого го интересирале условите за работа.
Грин сакал да знае дали може да работи од дома и дали Маск завршил со оптуштањата на работници во неговата компанија.
„Наводно во компанијата „Тесла“ не дозволуваат да се работи од друго место, а Калифорнија не е место во кое би сакам да се преселам. Не можете да замислите колку би ме чинела преселбата во Калифорнија. Исто така мразам да бидам отпуштен“, напишал Грин во својот твит образложувајќи ја својата одлука на останатите твитераши кои се обидувале да го убедат да ја прифати понудата на Маск.
„Не сум толку добар да можам да добијам се што ќе посакам. Ако навистина ме сакаат, би ме контактирале по стандардните канали, затоа што знаат кој сум“, изјавил Грин на крајот во својата објава.
Текстот Твитерџија го одби Илон Маск за работа во неговата компанија „Тесла“ е превземен од Reporter.mk.