Холивудската легенда Клинт Иствуд на 89 години ќе снима нов филм. Тој ја најави работата на филмот The Ballad of Richard Jewell, чие сценарио е пишувано според вистинска приказна. Филмот го следи животот на човек од обезбедување кој е обвинет од новинар дека подготвувал напад на Летните олимписки игри во Атланта 1996 година. Сценариото за новиот филм го напиша Били Реј, а копродуценти ќе бидат Леонардо Ди Каприо и Џона
Хил. Снимањето на филмот ќе почне летово, а премиерата е најавена за следната година.
И покрај возраста, глумецот не престанува со работа, па лани сними два филма. Едниот од нив, The Mule оствари приход од над 100 милиони долари на кино-благајните.
Текстот На 89 години Клинт Иствуд почнува да снима нов филм е превземен од Reporter.mk.