Слушајќи го својот мајчински инстикт и знаците кои и ги покажувало телото, Американката Ајла Хелер успеала да го спаси своето бебе во периодот во 28 недела од бременоста. Хелер вели дека имала проблем со функционирањето на плацентата и дека нејзиното бебе не го добивало потребното количество на кислорот и храна.
„Одлучив со сите јавно да споделам што ми се случи со надеж дека еден ден ќе ваквата информација ќе им помогне на некое друго семејство“, напишала Хелер на Фејсбук, две недели по пораѓањето.
Хелер објаснила дека за време на нејзината 38 недела од бременоста, тоа утро почувствувала дека нејзиното бебе Меди не удира толку силно како вообичаено.
„До пладне секогаш чувствував дека Меди е во една иста положба и можев да и ги почувствувам ударите. Но овој пат удари речиси и да немаше“, вели Хелер.
„До 19 часот се трудев да не размислувам за тоа. Мојот сопруг ја намести раката на мојот стомак и ме праша дали Меди удира со нозете. Ми стана непријатно, имав некое лошо чувство кога почувствував дека Меди во текот на целиот ден не се поместува. Се избањав, испив сок од портокал, сопругот Далтон лесно го допираше мојот стомак и се обидуваше да предизвика реакција. Дури и ги слушавме нејзините чукања на срцето на домашниот апарат. Но, немаше никакви движења“, вели Хелер.
Откако Хелер и нејзиниот сопруг се информирале на интернет за можните реакции, прочитале разни реакции. Некои од текстовите укажувале дека трбало веднаш да одат во болница, додека во другите пишувало дека бебето веројатно е добро. Само му недостигало место во стомакот.
Хелер со сопругот одлучиле веднаш да заминат во болница, на прегледи. Лекарите по направените прегледи веднаш им соопштиле дека мора да биде направен царски рез. Тие подоцна дале изјава дека Меди се родила здрава и жива благодарение на брзата реакција на нејзините родители.
„Мојата плацента прерано и откажала функцијата. Лекарите ми рекоа дека не знаат зошто е тоа така и дека не сум можела никако да го спречам тоа. Тоа довело Меди да не може да прима доволно кислород или храна колку што треба. Поради тоа се обидувала да ја сочува енергијата и престанала да се движи“, изјавила Хелер.
Хелер вели дека ако не и поверувала на своите инстикти, Меди веројатно не би ја преживеала ноќта.
Текстот Мајчинскиoт инстикт ме натера да си го спасам бебето е превземен од Reporter.mk.