Белгиската телевизија користеше холограм за да го доведе Азар во студиото (ВИДЕО)

Белгиската телевизија La Uno покажа иновативен начин на интервјуирање, откако со користење на холограм го “донесе” белгискиот фудбалски репрезентативец Еден Азар во студиото.

Откако Белгија го победи Бразил во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, Азар по завршувањето на мечот даде интервју за белгиската телевизија. Тој беше во соблекувалната, но неговиот холограм “седеше” во студиото.

Да потсетиме, Белгија во полуфиналето на Мундијалот беше елиминирана од Франција.

The post Белгиската телевизија користеше холограм за да го доведе Азар во студиото (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.