NASA подготвува 17-годишно девојче да биде првата личност која ќе стапне на Марс

Додека многумина од нас можат само да сонуваат за вселенско патување, Американката Алиса Карсон е подучувана од страна на НАСА да стане астронаут.

Уште како девојче таа се заљубила во вселената и тоа по гледање на ТВ емисијата “The Backyardigans”. Неколку години подоцна, нејзиниот татко ја пријавил во вселенски камп, а набрзо станала и една од малкумината кои ги посетиле сите три вселенски кампови.

Нејзиниот сон отсекогаш бил да стане првата личност чија нога ќе стапне на Марс, а својата мисија ќе ја оствари во 2033 година.

Проектот со кој НАСА моментално се занимава има за цел да воспостави човечка колонија на Црвената планета. Алиса е првата личност која ја завршила обуката од страна на НАСА, но и најмладата личност која дипломирала на Вселенската академија и официјално добила сертификат да отпатува во вселената како астронаут.

Освен мајчиниот англиски јазик, Карсон зборува и шпански, француски и кинески јазик. Таа често држи предавања на деца со цел да ги инспирира да бидат упорни во остварување на своите цели.

“Секогаш следете ги своите сонови и не дозволувајте никој да ве оттргне од нив”, изјавила Алиса за “Bored Panda”.

The post NASA подготвува 17-годишно девојче да биде првата личност која ќе стапне на Марс appeared first on USB.mk.