Поп-иконата Мадона на „Инстаграм“ објавила провокативно видео промовирајќи ја новата песна во автомобил. Она што предизвикало голем број на коментари била најзината модна комбинација.
Пејачката на себе имала само мрежасти чорапи, длабоко деколте, превез на окото и камшик. Повеќе од 12.000 коментари биле напишани под видеото и голем дел од нив не се согласни дека пејачката го погодила стајлингот.
„Ми изгледа вулгарно и евтино“, бил еден од коментарите.
Мадона го претстави новиот албум „Madame X“, а водечкиот сингл на овој албум е песната „Medellin“, снимена со колумбиската ѕвезда Малума. Објавен е спотот на песната која веќе има над 2 милиони прегледи.
Станува збор за 14 студиски албум на Мадона, кој ќе биде објавен на 14 јуни. Мадона и Малуна ќе ја изведат „Medellin“ заедно на Billboard Music наградите, на 1 мај.
Пејачката ќе настапи и на овогодинешниот Евросонг во Израел за износ од милион долари.
View this post on Instagram
Текстот (Видео) Мадона евтина и вулгарна е превземен од Reporter.mk.