Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска деновиве е на одмор во Грција, каде со најблиските ги прослави велигденските празници. Таа на Инстаграм објави топлес фотографија на една од плажите на островот Лефкада.
Моделот често патува во Грција каде снима за модни брендови со кои сорабтоува. Неодамна Катарина снимаше фотосесијата на Парос во Грција. Моделот наскоро се очекува да стане мајка по втор пат. Таа со нејзиниот партнер Цобе веќе го имаат синот Вања, кој во мај ќе наполни две години.
Во интервју за „Репортер“, таа ни раскажа за мајчинството и тоа дека еден ден планира на Вања да му го покаже Њујорк.
Текстот (Фото) Катарина Ивановска само по танга на Лефкада е превземен од Reporter.mk.