(Фото) Северина слаба како Анџелина Џоли

Хрватската пејачка Северина за кратко време ослабела многу, коментираат фановите на фотографиите направени во Њујорк каде го снимала новиот спот за песната „Лоша“.

„Што ти се случило?“, „Преслаба си“, „Имаш 20 килограми сосе кревет“, „Нозете ти се како чепкалки“, „Дај почни да јадеш нешто“ ѝ пишуваат фановите на хрватската пејачка.

Тие велат дека Северина сега многу наликува на актерката Анџелина Џоли, која за кратко време изгубила 40 килограми. Џоли призна дека боледува од анорексија и дека причина за тоа бил големиот стрес.

Северина  се соочила со слични критики за нејзиниот изглед и пред неколку години. Таа тогаш изјавила дека почнала со правилна исхрана и напорни тренинзи. Пејачката секое утро пешачела по половина час, јадела помалку и вежбала во фитнес-сала.

 

Текстот (Фото) Северина слаба како Анџелина Џоли е превземен од Reporter.mk.