Поп-ѕвездата Адел, која пред половина месец откри дека се разведува по три години брак со Сајмон Конеки, има нов дечко, пишува американскиот весник „Сан“. Изворот, кој ја споделил веста со таблоидот, тврди дека Адел и нејзиното ново момче, кое личи на нејзиниот поранешен маж, се бакнувале во бар во Њујорк.
„Тие сѐ уште се запознаваат и Адел во моментот не бара сериозна врска“, рекол изворот на „Сан“.
Според американските таблоиди, новиот маж во животот на пејачката е најверојано вистинската причина за нејзиниот развод со Сајмон.
Во официјалното соопштение што го испратија претставниците на Адел за медиумите во однос на разводот побараа да не се дебатира за нивниот личен живот бидејќи и двајцата сакаат да го заштитат својот 7-годишен син и да одржуваат добри односи.
Текстот Адел има нов дечко е превземен од Reporter.mk.