Анел Окиќ од Босна, хирург во болницата во Зеница, на летот на „Еар Франс“ Панама – Париз, му го спасил животот на еден Французин, пишуваат францускиот медиуми. На летот долг 11 часа, на патникот му се слошило, па стјуардесите прашале дали во авионот има лекар. Кога Анел кажал дека е хирург, го однеле во задниот дел од авионот.
„По три часа лет некој праша дали меѓу патниците има медицинско лице. Без размислување се јавив и ме однесоакај момче што беше бледо и тешко дишеше. Коленото му беше потечено и имаше рана. Рече дека бил во панамската џунгла претходниот ден и дека нешто го каснало. Коленото му беше инфицирано, а поголемиот дел од ногата му беше потечена. Имаше и висока температура“, раскажал лекарот.
Тој на екипажот му рекол дека раната мора да се отвори и исчисти, па откако му ја донеле потребната опрема, тој му ја оперирал ногата.
„Беше скоро рутинска операција во која ми помогнаа стјуардите. Ја исчистив раната, го отстранив гнојот и ја завиткав ногата. Мислев дека станува збор за голема алергиска реакција, па ставив и инфузија со хидрокортизон. По инфузијата му се подобри здравјето, а јас му дадов и инјекција со антибиотик. Целата процедура траеше околу еден час“, додал тој.
Кога сè завршило, екипажот и 300 патници во авионот му аплаудирале.
„Сцената беше како на филмовите. Ми рекоа дека сум храбар неколку патници. За среќа, реагирав брзо, пред да се искомплицира неговата состојба. Можеше да биде во животна опасност ако му се развиеше алергиска реакција, бидејќи тешко дишеше. По два часа, се чувствуваше доста добро“, раскажал хирургот.
Како награда, од компанијата добил бесплатен лет.
Текстот Хирург од Босна оперирал патник во авион е превземен од Reporter.mk.