Езеро кое со векови му пркоси на човекот

На прв поглед, езерото Асал во африканската држава Џибути изгледа како кристално чиста морска површина со плажи со бел песок. Поради тоа, во очите на турисите лесно се создаваат сопоредби со плажите на Карипските острови. Но, она што на прв поглед изгледа како бел песок е всушност – сол.

Дури и доколку сакате да замислите бел песок под своите нозе, кристализираната сол наскоро ќе направи да се чувствувате непријатно. Како што се приближувате до работ на езерото, силниот ветер ја носи солта во ваша насока, па набрзо може да се почувствува печење во очите. Иако влегувањето во водата најпрво е фантастично чувство, таа е топла и плитка, сепак пливањето во солена вода е многу чудно. Таа почнува да ја иритира кожата, особено кога солта ќе почне да се суши под жешкото сонце.

Езерото Асал се наоѓа на 155 метри под морското ниво и е најниската точка во Африка, а трета најниска во светот по Мртвото Море (-423m) и Галилејското езеро (-214m). Во него се слева морска вода од пет километри долгите геотермални извори на североисток.

Концентрацијата на сол е дури 34,8 отсто, што е десет пати посолено од морската вода, па ова езеро е второто најсолено на Земјата по Дон Жуан на Антарктикот, каде што соленоста е повисока од 47 проценти.

Извор: Макфакс

The post Езеро кое со векови му пркоси на човекот appeared first on USB.mk.