Пуштена е во погон најголемата offshore ветерна електрана во балтичкото море. Се работи за ветерниот парк Аркона со инсталирана моќност од 385 MW која се наоѓа околу 35km североисточно од германскиот град Rügen, а од своето производство ќе може да ги задоволува потребите од електрочна енергија за околу 400.000 германски домаќинства. Вкупната инвестиција изнесувала 1,2 милијарди евра, а проектот е реализиран преку соработка на германската енергетска компанија E.ON и норвешката енергетска компанија Equinor (поранешен Statoil). Електраната се состои од 60 ветерни турбини на производителот Siemens. Во споредба со производството на истата количина на енергија во термоцентрали, еквивалентната емисија на јаглерод диоксид ќе се намали за околу 1,2 милиони тони годишно.
Текстот Пуштена во погон најголемата балтичка ветроелектрана е превземен од USB.mk.