Синот на поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ, Емануел, е тешко повреден во сообраќајна несреќа. Сообраќајката се случила вчера во центарот на Загреб. Во автомобилот со него бил со манекенот и музичар Влахо Арбулиќ. Арбулиќ за „Слободна Далмација“ рекол дека тие возеле по зелен бран на булевар во центарот на градот и дека во нив удрил автомобил што поминал на црвено. Од силниот удар, автомобилот во кој бил 12-годишниот син на Иванишевиќ удрил во ѕид.
„Во шок сме и фокусирани сме Емануел што поскоро да закрепне. Има повреди на главата за кои лекарите велат дека се многу тешки, но тие се оптимисти и се надеваме дека ќе закрепне“, рекол Арбулиќ.
Возачот, пријател на Горан, за медиумите раскажал како се случила несреќата.
„Тргнав по Емануел да го земам од редо откако му заврши тенискиот тренинг. По сударот, се отворија воздушните перничиња, а јас истиот момент скокнав накај него, го земав во рацете и го изнесов надвор“, раскажал возачот.
Во болницата со Емануел е неговата мајка и прва сопруга на Иванишевиќ, Татјана Драговиќ. Горан вчера не бил во Хрватска, но веднаш тргнал накај Загреб за да биде блиску до синот.
Текстот Синот на Горан Иванишевиќ тешко повреден во сообраќајка е превземен од Reporter.mk.