Facebook сака човечкото тело да го внесе во виртуелната реалност

Фејсбук“ работи на аватари кои човечкото тело ќе го внесат во витуелната реалност. Тие ќе изгледаат и ќе се движат исто како вистински луѓе.

Компанијата прави и анимира анатомски прецизни модели на човечкиот скелет, заедно со мускулите и кожата, објави „Фејсбук“ на својата годишна конференција за развој на F8 во средата.

Таа следи како луѓето се движат во реално време и ги повторува нивните движења во виртуелната реалност. Компанијата, исто така, реконструира и симулира вистинска облека што ја носат луѓето, користејќи специјален софтвер кој треба да утврди како облеката треба да се движи кога аватарите ќе танцуваат

Сегашните аватари во виртуелната реалност се доста ограничени, иако тие доста напреднаа изминативе години. „Фејсбук“ во март објави дека постигнал напредок во создавање тридимензионални, реалистични аватари кои се речиси идентични на луѓето.

Текстот Facebook сака човечкото тело да го внесе во виртуелната реалност е превземен од USB.mk.