Првиот човек на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, најави големи промени на популарната социјална мрежа. Тој промените ги најави во текот на годишната конференција на „Фејсбук Ф8“.
Една од главните измени е тоа што наскоро „Фејсбук“ ќе функционира како „Тиндер“. Корисниците ќе можат да означат некоја личност која меѓу нивните „Фејсбук“ пријатели им се допаѓа. Целиот процел ќе се одвива тајно, освен ако личноста која сте ја означиле не означи дека и вие ѝ се допаѓате. Тогаш „Фејсбук“ ќе ве спои.
За првпат се менува и бојата на сајтот. Препознатливата сина боја во позадината ќе биде бела, а ќе се воведе и бројач на лајкови. Што се однесува до самиот дизајн на сајтот, самото лого на „Фејсбук“ повеќе нема да биде во квадратен облик, туку во кружен.
Мобилната апликација ќе биде претежно во бела боја, додека препознатливата сина боја заминува во историјата. Марк Цукенбург се обидел да објасни дека планот на компанијата е на прво место да ја стави приватноста и безбедноста на корисниците, а не на рекламите и заработката.
„Иднината е приватна. Знам дека нашата репутација не е најсилна кога е во прашање приватноста, но се фокусиравме на пронаоѓање начини да ја заштитиме приватноста на корисниците“, вели Цукенберг.
Една од промените се и пораките што ги испраќаме преку Месенџер. Сите пораки ќе бидат енкриптирани, што значи дека „Фејсбук“ повеќе нема да може да ја гледа нивната содржина. Платформата ќе биде целосно поврзана со WhatsApp. Месенџер ќе зазема помалку места на мобилните телефони, а ќе има и десктоп-апликација.
Текстот На „Фејсбук“ ќе ви стигне нотификација ако му се допаѓате на некого е превземен од Reporter.mk.