Британскиот актер Питер Мејхју почина во вторникот на 74-годишна возраст. Мејхју починал во својот дом во северен Тексас, објавило неговото семејство преку „Твитер“. Засега причината за смртта на е позната.
Мејхју на публиката ѝ беше познат по улогата на Chewbacce, од серијата „Војна на ѕвездите“.
„Семејството со голема тага ве известува дека Питер Мејхју почина. Нè напушти во вечерните часови на 30 април 2019 година. Почина со семејството покрај себе во својот дом во Тексас“, напишале од семејството во соопштението до јавноста.
Инаку неговото лице во филмот „Војна на ѕвездите“ никогаш се нема појавено. Сепак Мејхју ги освои срцата на публиката, преку влакнестиот Чубака, помошникот на Хан Соло, кој го толкуваше Харисон Форд. Освен тоа Питер глумел и во уште неколку блокбастери како „Империјата го возвраќа ударот. „Враќање на Џедаите“, „Одмаздата на Сит“ и „Будење на силата“.
Текстот Почина Чубака од „Војна на Ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.