Во последните дваесет години, забележан е најголемиот метеор кој паднал на американско тло. Откако му била утврдена локацијата на падот, тим на научници се обиделе да ги состават сите делови од вселенската карпа.
Жителите во град кој се наоѓа во американската држава Вашингтон, во вечерните часови на 7 март, приметиле блескава светлина која го осветлила небото, а потоа се слушнал силен удар. Жителите сведочат дека ударот бил толку силен, што дури и автомобилите се потресле.
Многумина помислиле дека станува збор за вселенски брод, но на сите им било јасно дека телото пристигнало од вселената.
На основа на деталната анализа за работа, научниците потврдиле дека светлината која се забележала од брегот на Британска Колумбија, до северен Орегон, била предизвикана од метеор кој удрил на Земјата.
Научник на НАСА, Марк Фрајс, заклучил дека се работи за метеор со големина на возило за голф, кој паднал и потонал во океанот. Метеорот потонал на место 25 километри оддалечено од брегот на државата Вашингтон. Локацијата каде се забележани остатоците, се наоѓа во близина на подводен кањон кој е длабок околу 120 метри.
Подрачјето е релативно рамно, што го олеснува откривањето на темните црни метеори на морското дно.
Се проценува дека околу два тони фрагменти се распрскани на повеќе од половина километар во морското дно, а деловите кои го преживеале падот се проценува дека би можеле да бидат големи колку цигла.
„Ова е најголемиот забележан метеор во САД во последните 21 година“, изјавил Фрај, и додал дека ако ги најдат и преостанатите делови од метеорската карпа, ќе следи сеопфатно истражување.
Како што пренесуваат американските медиуми, научниците користеле и подморница на далечинско управување, за да ги истражат подрачјата и да ги соберат преостанатите делови од вселенската карпа.
Освен НАСА, на проектот учествувале и научници од Универзитетот во Вашингтон и Olympic Coast National Marine Sanctuary, (агенција под американското Министерство за трговија).