Американскиот актер Семјуел Л. Џексон на социјалните мрежи објави фотографија направена во Загреб, каде се потсети на филмот „Војна на ѕвездите“, во кој го играше ликот на Мејс Винду, најмоќниот џедај.
Џексон пристигна во Загреб на почетокот на мај со екипа од филмот Hitman’s Wife Bodyguard, кој се снимаше во Ровињ и Риека, а продукцијата сега се пресели во Загреб.
„Доцнам еден ден поради временските околности, но „Нека силата биде со тебе!!!!!“. Се надевам дека ви беше добар филмот“, напиша актерот.
Инаку на 4 мај Хан Соло, ликот кој го глумеше Харисон Форд, му ја кажа славната реченица May the force be with you на Лук Скајвокер. Џексон вели дека ужива во Загреб, а на паузите меѓу снимањата и по нив ужива во друштвото на неговата колешка Селма Хајек.
Текстот Семјуел Л. Џексон од Загреб се потсети на „Војна на ѕвездите“ е превземен од Reporter.mk.