Ана Храмцова (31) е победничка на првото фото-натпреварување на руската Национална гарда која ја формирал рускиот претседател Владимир Путин. Таа со чин на подофицер од Јекатеринбург, во конкуренција на уште 1000 кандидати, поебдила на натпреварувањето освојувајќи 57.000 број на гласови.
Ана е омажена и има едно дете. Таа е дипломирана правничка и има големо искуство во полициската работа. Таа доаѓа од воено семејство и вели дека е почестена што ја продолжува традицијата да се занимава со оваа работа.
„Горда сум што ја продолжувам династијата. Слушам шеги за русокосите во службата, но ги игнорирам“, изјавила Ана, која живее во Јекатериннбург, а вели дека е вешта со пушките и пиштолите.
„Најважно е мирно да го извадите пиштолот, да нишаните и да издишете“, објаснила таа, истакнувајќи дека својот маникир го ускладила со пиштолот.
Ана тренира и за бикини натпреварување, откако ја наговориле нејзините колеги и пријатели. Инаку, учесниците ги имале испратени најубавите фотографии и биографии, а околу 57.000 Руси гласаа за Ана.
Руската национална гарда брои околу 340.000 членови, а ја основал рускиот претседател Владимир Путин.
Текстот (Фото) Ана е најубавата членка во руската гарда на Путин е превземен од Reporter.mk.