Дневен хороскоп за 6 мај

Овен

Можете да очекувате дека работите на работното место ќе се одвиваат онака како што сте ги испланирале. Пред вас е фаза од која ќе бидете генерално задоволни. Доколку сте во брак може и нема толку лесно да излезете на крај со сите проблеми кои се појавиле меѓу вас и вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Склони сте на инфекции.

Бик

Ве очекува поволен ден за нови работни проекти, кои би можеле да ви донесат подобра заработка. Ве очекува нова љубов. Можете да се надевате на познанство со личност чија енергија ве привлекува. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со зглобовите.

Близнаци

Не сакате да пуштите никој да ви се меша во деловните одлуки. Подготвени сте од своја страна да направите сè за работата биде под ваша контрола. Задоволни сте од комуникацијата која ја имате со личност која ви се допаѓа и наскоро ќе направите чекор понапред. Внимавајте на здравјето. Поведете сметка на хормоните.

Рак

Во текот на денешниот ден би можел да ви се случи мал пад на концентрација. Можно е да направите мали грешки на деловно поле. Желни сте за внимание и љубов иако важно ви е кон партнерот да остварите близок однос. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

Лав

Можете да очекувате стабилизација на работата која сте ја започнале во претходниот период. Ве очекуваат убави вести. Ви се допаѓа личност која не живее во истиот град во кој живеете вие. Можно е  поради тоа да имате компликација во врската. Со здравјето денеска сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Девица

Можете да очекувате добра соработка со колегите и денес е поволен ден да остварите или потпишете нови договори. Можно е интересно познанство со личност која отворено ќе ви покаже дека ве сака. Немате никакви здравствени проблеми.

Вага

 

 

Можете да очекувате дека ќе добиете можност да напредувате во деловна смисла. Судбината денес е на ваша страна. Можно е да размислите за тоа дека ви се потребни неопходни промени на полето на љубовта и дека не можете повеќе да продолжите со истиот партнер. Внимавајте на здравјето. Пожелно е да посетите стоматолог.

 

Скорпија

Доколку сте имале во план да патувате, нема да ви биде лесно да ги организирате сите работи. Можно е да ви се појават компликации во последен момент. Денес е позитивен ден за флертување. За оние кои се во врска, очекувајте со саканата личност да поминете убави моменти. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Стрелец

Ви доаѓа значително подобрување на финансиите кои сте ги очекувале. Ќе бидете задоволни со новите деловни можности кои ќе ви се се укажат денес. Пред вас е фаза во која ќе успеете да дојдете до компромис со личност која ви е драга. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на грчеви, па пожелно е да почнете да се занимавате со спорт.

 

 

Јарец

Ве очекува нова работа која би можела да ви отвори добри можности и да ве врати кон успехот на сите животни полиња. Саканата личност ќе ви покаже дека кон вас има сосема искрени чувства и дека сака да бидете долго време заедно. Со здравјето сè е во ред.

Водолија

Можете да очекувате дека ќе успеете да остварите деловен договор кој за вас ќе биде од големо значење. Пред вас е поволен ден за флертување. Ако сте слободни, ќе запознате личност со која можно е да остварите една убава врска. Внимавајте на здравјето и зголемете ја конзумацијата на витамини.

Риби

Факторот среќа би требало денес да биде на ваша страна. Ќе успеете да ги остварите вашите планови. Доколку сте слободни, ќе сретнете личност која ќе покаже дека ги има сите оние квалитети кои вие ги барате од вашиот идеален партнер. Ви следи период на подобрување на здравјето.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 6 мај е превземен од Reporter.mk.