Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска, сопругата на новоизбраниот македонски претседателот Стево Пендаровски, денеска полни 47 години. Елизабета роденденот ќе го прослави еден ден откако нејзиниот сопруг беше избран за претседател на државата. Пендаровски, кој својот роденден го прослави на почетокот на изборната кампања, неодамна во интервју за „Репортер“ рече дека не се снаоѓа најдобро кога избира подарок, па најчесто подарува цвеќе.
„Јас сум антиталент за давање подароци. Сакам да подарувам, ама не можам секогаш да погодам. За да не згрешам се држам до старото џентлменско правило и кога станува збор за сопругата одбирам цвеќе. Нормално, кога одам во цвеќара барам помош од цвеќарата за да ми каже што е соодветно за таа пригода. Во гардероба или накит не се разбирам. И тука сигурно би погрешил. Некој пат како лош балкански маж давам пари за да може сопругата да си купи тоа што сака“, рече Пендаровски.
ПРИВАТНО СО СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: Добивав купови љубовни писма, ама жена ми знае дека не играм на дупло
Текстот Сопругата на Стево Пендаровски слави роденден е превземен од Reporter.mk.