(Фото) Лејди Гага: Недипелираните нозе го потполнуваат мојот стајлинг

Лејди Гага за време на патувањето во Њујорк, каде ќе биде домаќин на годинешниот „Мет Гала“, објави фотографија направена во авионот. Пејачката позираше а во прв план и беше ногата. Таа напиша дека не сака да се депелира, затоа што таквите нозе допринесуваат за нејзиниот изглед.

„„Мет Гала“, доаѓаме! Многу сум возбудена што сум една од водителките. Не ги избричив нозете четири дена, нешто што го дополнува мојот изглед“, напишала Гага под фотографијата.

Дел од фановите ја осудија пејачката, други пак ја поддржаа. Тема на годинешниот „Мет Гала“ е Camp Notes on Fashion, инспирирана од есејот Notes on Camp на Сусан Сонтаг од 1964 година. Покрај Лејди Гага, домаќини ќе бидат и Ана Винтур, тенисерката Серена Вилијамс, како и модниот дизајнер Алесандро Мишел.

 

 

Текстот (Фото) Лејди Гага: Недипелираните нозе го потполнуваат мојот стајлинг е превземен од Reporter.mk.