Српски уметник му подари слика на Леонардо ди Каприо

Српскиот уметник Драган Здравковиќ вели дека своето дело NWO Lines го подарил на фондацијата на Леонардо Ди Каприо, организација која се занимава со проблемот на глобално затоплување.

Неговото дело направена во 2003 година, на свечената аукција имало почетна цена од 18.000 долари, а била продадена за 19.000 долари. Парите, Драган вели дека завршиле во хуманитарни цели.

Личниот советник на холивудскиот актер Лиса Шиф, со своите соработници ги забележала делата на Здравковиќ, за време на изложбата „Еклавиј – сликарство, последица на ваков живот“, на венецијанското биенале.

Веднаш потоа Здравковиќ добил повик да учествува на свечена аукција во организација на фондацијата на Леонардо Ди Каприо.

„Мојата слика NWO Lines беше експонат на хуманитарната гала аукција фондација на Леонардо ди Каприо. Бев поканет заедно со уште педесетина уметници, кои со своето учество требаше да помогнеме во остварувањето на бенефитот за глобалниот проект на оваа фондација. Уметниците кои биле поканети, сите до еден ја прифатија поканата на Ди Каприо. Проектот го привлече светското внимание, ставајќи го во центарот проблемот со глобалното затоплување. Имињата кои учествуваа заедно со мене на таа аукција во Сан Тропе и Њујорк, се оние за кои претходно само сонував дека ќе бидам рамо до рамо. Продажбата на уметничките дела ја водеше прочуениот аукционер Де Пури“, вели Здравковиќ, кој својата слика ја подарил на фондацијата Леонардо ди Каприо.

 

 

 

Текстот Српски уметник му подари слика на Леонардо ди Каприо е превземен од Reporter.mk.