Колумбијката Јуди Пинеда, која живеела осум години во манастир, пред да стане калуѓерка си заминала од манастирот, па почнала да снима порнофилмови. Таа од 10. до 18. години живеела во самостан и одела во училиште за калуѓерки. Јуди била сигурна дека животот ќе го посвети на религијата, но се заљубила во еден од нејзините наставници и решила да си замине, пишува „Мирор“.
Брзо потоа почнала да работи во Меделин, каде што запознала маж кој регрутирал девојки за порно индустријата. Се појавила на кастинг и веднаш добила работа, па порнофилмови снима и денес.
„Нема ништо лошо во мојата работа. Таа е пристојна и артистичка. На почетокот се чувствував лошо, но сега сум добро и уживам во работата“, им рекла на новинарите.
Јуди не ја оставила религијата, па секој петок, сабота или недела оди на миса во црква, пишува британскиот весник.
Текстот Калуѓерка го напуштила манастирот, па станала порно глумица е превземен од Reporter.mk.