Првата приватна јапонска ракета лансирана во вселената (ВИДЕО)

Јапонија конечно им се придружи на земјите кои извршија приватни летови во вселената.

Компанијата Interstellar Technologies успешно ја лансираше својата MOMO-3 ракета во вселената, која успешно ја помина Кармановата линија, односно височината од 100 километри пред да заврши во Пацификот.

Ова е скромен почеток, бидејќи ракетата била во воздух, само осум минути и 35 секунди, но е и големо олеснување за компанијата, чии претходни два обида завршија неуспешно.

Конечната цел на компанијата Insterstellar Technologies е лансирање на мали сателити во орбитата за само цел од трошоците кои настануваат кога владините агенции ги вршат тестирањата. Овој успешен тест е чекор поблиску до остварување на таа цел. Задоволен може да биде и основачот на споменатата компанија Такафуми Хори, кој докажа дека неговата иницијатива може да успее.

 

Текстот Првата приватна јапонска ракета лансирана во вселената (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.