Американските специјалисти заклучија дека срцевата слабост и други проблеми поврзани со срцето стануваат најчеста причина за прерана смрт. Истражувачите сугерираат дека испитувањата се правени во САД, но слична е ситуацијата и во други земји.
Авторите на новата научна работа забележуваат дека околу шест милиони Американци во моментов страдаат од срцева слабост. За три децении, развојот на медицината успеа да го намали ризикот од рана смрт кај ваквите луѓе, но во моментов, според научниците, овој тренд е променет. Главната причина се нарекува “епидемија” на дебелина и дијабетес – фактори кои ја зголемуваат веројатноста за развој на кардиоваскуларни болести и прават таквите болести да бидат уште повеќе опасни по живот. Експертите стравуваат дека од истите причини во иднина ситуацијата ќе продолжи да се влошува.
Текстот Која е најчестата причина за прерана смрт? е превземен од USB.mk.