Кралското бебе ќе се вика Арчи

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, го избраа името за кралското бебе – Арчи Харисон Моунтбатерн Виндсор. Името Арчи е од германско потекло и значи „храбар“, „цврст“ и „генијален“, а Харисон значи „му припаѓа на Хари“ и му оддава чест на неговиот татко.

Меган и Хари вчера првпат во замокот Виндзор го претставија Арчи пред новинарите, а веста за името на синот ја соопштија подоцна од Бакингемската палата.

Меган пред новинарите рече дека е пресреќна што станала мајка.

„Магично е да ги имаш двете најдобри момчиња на светот. Многу сум среќна. Мојот син го има најслаткиот темперамент и спие многу добро“, изјавила Меган.

Хари, пак, рекол, дека улогата на татко е нешто неверојатно за него и дека Арчи му е причина за задоволство. Војводата и војвотката од Сасекс потоа ја посетија и кралицата Елизабета II за да ја запознаат со нејзиниот правнук.

Арчи е седумнаесетти во линијата за тронот и нема да има титула.

Текстот Кралското бебе ќе се вика Арчи е превземен од Reporter.mk.