Стаорците не се животни кои би ги поврзале со коралните гребени, но научниците тврдат дека тие животни директно ги загрозуваат овие екосистеми.
Тим кој работи на архипелагот Чагос у Индискиот океан открил дека стаорците на островите прават големи проблеми за коралните гребени.
-Стаорците ја уништуваат популацијата на морските птици што ја намалува количината на измет од птици – што е природно ѓубриво за коралите и така го нарушуваат здравиот екосистем околу островот, се вели во студијата.
Островите Чагос се природна лабораторија од големи размери. Архипелагот е ненаселен, но некои острови станаа домови за стаорци кои до брегот стигнел со бродови.
Професорот Ник Грејем од Универзитетот од Ланкастер објаснува дека островите без стаорци се бучни, полни со птици и препознатливи по карактеристичниот мирис од изметот на морските птици.
-Ако отидете на остров каде што има стаорци, морските птици скоро и да ги нема, вели Грејем.
The post Стаорците ги загрозуваат коралните гребени appeared first on USB.mk.